Министерот за култура Хусни Исмаили, денеска во својот кабинет оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, Кристијан Тимоние.

На средбата министерот Исмаили му се заблагодари на францускиот амвасадор за поддршката од Република Франција за  интеграциските процеси на Република Северна Македонија во  реализацијата на стратешките цели, членство во Европската унија и во НАТО Алијансата.

Министерот Исмаили и Тимоние на средбата  изразија  задоволството од досегашната успешна соработка во делот на културата меѓу двете држави,  што се потврдува и со реализација на голем број проекти,  спроведени во соработка со Француската амбасада во нашата земја  и со Францускиот институт.

Меѓу нив беа издвоени Фестивалот на Францускиот филм во Охрид, потоа заедничките проекти од областа на литературата,  театарот, танцот, а особено беше потенцираше соработката меѓу двете земји во областа на културното наследство.

Министерот за култура  истакна и дека од особено значење е и институционалната соработка  која е потврдена преку гостување на реномирани уметници во двете земји, а во некои дејности таа е продлабочена и со реализација на повеќе копродукциски проекти. Особено  значајно е и присуството на уметници од Франција на фестивалите  во нашата земја од областа на драмската, музичката или филмската уметност.

На средбата министерот за култур Хусни  Исмаили и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, заеднички констатираа дека активностите за продлабочување на француско- македонската културна соработка ќе продолжат и во иднина.