Министерот за култура Хусни Исмаили денеска оствари работна средба со амбасадорот на Австрија во нашата земја, Георг Вуцас.

На средбата стана збор за досегашната соработка во областа на културата, како и за идните активности преку кои ќе се унапредува културната размена на проекти и уметници меѓу двете земји.

Министерот Исмаили истакна дека соработката со Република Австрија во делот на културата се одвива преку континуирано претставување на македонските културни вредности во оваа земја, како и со реализација на проекти со кои австриската култура се претставува во Република Северна Македонија.

Исмаили информираше и дека е голем бројот на уметниците кои во континуитет се претставуваат на нашите реномирани фестивали, како Мајски оперски вечери, Охридско лето и Струшки вечери на поезијата. Воедно беше потенцирана и реализацијата на Виенскиот бал во Скопје, манифестација што ја потврдува македонско-австриската соработка на полето на културата и уметноста.

На средбата, двајцата соговорници разговараа и за можноста за продлабочување на соработката во областа на културата меѓу двете држави како и за реализација на повеќе проекти меѓу институциите од областа на културата во двете земји.