Министерот за култура Асаф Адеми денеска во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со професор Тан Шри Дато Вира д-р Мохд Шукри Аб Јаџид, претседател и основач на најнаградуваниот приватен Универзитет за менаџмент и наука (МСУ) од Малезија.

На средбата гостинот од Малезија го запозна министерот Адеми со напорите и посветеноста за воспоставување нови стандарди за квалитет во малезиските и во регионални приватни образовни центри и нивна вклученост во образованието во 21 век.

Исполнувањето на стандардите резултира Универзитетот  за менаџмент и наука да се најде во групата од 5 најдобри универзитети, награда што ја доделува  Министерството за високо образование Малезија.

Посветеноста на професорот Шукри за наставата и учењето резултира со негово учество на повеќе работилници и супервизорски консултации во областа на управувањето, претприемништвото и маркетингот. Тој има напишано голем број трудови и статии објавени во повеќе меѓународни и локални списанија.