Во Струмица заврши пренамената на дел од градската скривница во уметничка галерија

од admin_kult

Завршија градежните работи на дел од градската скривница под градскиот плоштад во Струмица, простор кој ќе биде пренаменет во уметничка галерија,.

Вкупната корисна површина на пренаменетиот простор е 319 метри квадратни, а според проектот предвидени се  изложбен простор, депо за слики, дневно депо, канцеларија, бифе и простор за седење и  санитарни јазли. Галеријата ќе биде и место и каде што ќе може да се организираат приеми, промоции и слични настани.

Вредноста на проектот е 7.436.138 денари, средства обезбедени од Општина Струмица и Министерството за култура.

Во тек е и изградба на настрешница  на влезот во Уметничката галерија.  Работите на пренамената на проесторот се очекува да завршат во текот на март оваа година кога и официјално Уметничката галерија ќе биде предадена во употреба.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе