Театарот за деца и младинци со нова премиера

од admin_kult

Во Театарот за деца и младинци вечер во 19 часот премерно ќе биде изведена младинската претставата „Што е силеџија” во режија на Хана Миленковска, која заедно со Горјан Милошевски се автори на текстот.

Во претставата на прв план се опфаќаат проблемите поврзани со врсничкото насилство, поточно силеџиството во едно средно училиште. На втор план, всушност, подлабоко вграден во самата драмска содржина се прикажува проблемот на силеџиството во општеството, како и на гневот што го носиме во себе кој предизвикува друг гнев.

„Приказната се врти околу еден инцидент во кој учествуваат пет средношколци: Васил, Стефан, Марија, Мартин и Луција. Ги гледаме овие млади луѓе кои носат трауми од своето минато, од детството, кои се заробени во еден синџир на насилници и насилнички методи и корупција. Гледаме како ништо сериозно не се презема во врска со жртвите на насилството, како никој не реагира на гневот, агресијата што се пренесува од еден на друг, од една средина во друга, поради траумите или во име на личните интереси“, наведено е во најавата за претставата.

Улогите на ликовите во претставата ги играат: Никола Наковски, Петар Стојанов, Мики Анчевски, Матеа Јанковска и Ангела Димитрова. 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе