Солистички концерт на Илина Митревска во Софија

од admin_kult

Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија концерт ќе одржи Илина Митревска, која ќе настапи со пијано-придружба на Дилек Реџеп.

– Концертот содржи широк спектар на дела од барокот до класиката, веризмот, романтизмот, со акцент врз белканто-пеењето. Во богатиот репертоар на солистичкиот концерт се застапени композиции од: Моцарт, Паизиело, Џулијани, Верди, Шопен, Пучини, Хендел, Рахманинов, Дворжак – информираат од КИЦ.

Илина Митревска е соло изведувачка од Скопје. Студира на Конзерваториумот „Џузепе Тартини“ во Трст, Италија, под менторство на белканто-мајсторот Лоренцо Регацо. Средното образование го завршила во Музичкото училиште во Скопје, на Одделот за соло пеење, во класата на професор Гонца Богоромова-Краповски, истовремено како дел од вокалната академија на професорите Ана и Игор Дурловски.

Интензивно работи со првенецот на Националната опера и балет, тенорот Ѓорѓи Цуцковски, како и со првенката Славица Петровска-Галиќ. Има одржано солистички настапи со Филхармонијата, како и солистички концерт во Софија, под диригентската палка на маестро Христо Христов, настап на Скопско лето и на Звуците на Чаршијата. Има освоено голем број награди во Северна Македонија, Бугарија и во Србија.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе