Перформанс на современи македонски драми

од admin_kult

По отварањето на изложбата „Македонско учество на франкофонскиот фестивал „Солеј“ во Созопол“ на 03.07.2020, според сите протоколи на рабoтење во услови на пандемија, КИЦ на РСМ во Софија реализираше и перформанс со презентација и јавно читање на македонски драмски автори и делови од нивни пиеси на бугарски јазик.

Деновиве на веб-сајтот нашиот Културно-информативен центар ќе биде објавен и видео запис од настанот. Сцените се од делата на Горан Стефановски, Дејан Дуковски, Југослав Петровски, Венко Андоновски…Режисерот и актер Ѓорги Георгиев-Антика и актерот Игор Дамјанов на маестрален начин го реализираа овој современ проект! Видео записот е на Георги Атанасов.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе