Објавен водич за античкото богатство во Прилепско

од admin_kult

„Античкото богатство на прилепскиот регион“ е најновото дело на археологот Душко Темелкоски, кустос-советник во прилепскиот музеј. Станува збор за водич-брошура преку која читателите ќе можат да се запознаат со древното културно наследство од античките периоди: раната антика, времето на владеењето на македонските кралеви и римскиот период.

Преку лесно читлив текст, во водичот се содржани и мошне впечатливи фотографии од археолошки наоѓалишта од Прилепскиот Регион (античкиот урбан центар Стибера, монументалната гробница на пелагонискиот крал помеѓу селата Подмол и Бонче), како и од репрезентативни предмети пронајдени при археолошките истражувања (мермерни скулптури, накит, оружје, монети).

Идејата за водичот е на Кирил Котески, кој преку својата работа,  осознал дека е потребен ваков промотивен материјал за Прилепско. Водичот е двојазичен, со превод на англиски од професорката Стевка Небрежанец.  Најавено е и издавање  на други водичи во кои ќе се презентира богатото културно наследство на Прилеп и неговата околина.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе