Националната комисија за УНЕСКО го разгледа и даде мислење за Нацрт-извештајот за состојбата и напредокот во заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион

од admin_kult

На денешната, втора седница на Националната комисија на УНЕСКО членовите го разгледаа и дискутираа за Нацрт-извештајот за состојбата и напредокот во заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион за 2020 год.

Членовите на Националната комисија усвоија Мислење упатено до Владата во кое се вели дека Нацрт-извештајот е во насока на истакнување на заложбите на Република Северна Македонија која значително ги интензивираше своите активности за спроведување на Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (43 СОМ 7В.36) од седницата одржана во Баку, Азербејџан (2019), и исполнување на препораките на Реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО и советодавните тела ICOMOS и IUCN реализирана во 2017 година.

Имајќи предвид дека Република Северна Македонија останува цврсто посветена на зачувувањето на статусот на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија го разгледа и подетално се запозна со содржината и со постапката на изготвување на Нацрт-извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство (43 СОМ 7В.36), кој ја отсликува состојбата со доброто и предлага Владата на Република Северна Македонија да го разгледа и да го усвои.

Со оглед на фактот што Нацрт-извештајот претставува официјален документ на државата подготвен врз основа на информациите што ги отсликуваат комплексните состојби со доброто, преку владината процедура релевантните органи, институции и локалната самоуправа ќе имаат можност да го дадат своето мислење пред неговото официјално усвојување од страна на Владата на Република Северна Македонија, а со цел Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија да го достави до Центарот за светско наследство на УНЕСКО.

Поради транспарентност и запознавање на пошироката јавност, Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство (43 СОМ 7В.36), откако ќе биде доставен до Центарот за светско наследство, ќе биде јавно објавен и на веб-страницата на Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе