Министерството за култура и Асоцијацијата на архитекти потпишаа Меморандум за соработка

од admin_kult

Министерството за култура и Асоцијацијата на архитекти денес потпишаа меморандум за меѓусебна соработка во областа на архитектурата и заштитата на недвижното културно наследство.

Прва активност овозможена со потпишување на овој Меморандум за соработка, како што информираат министерката Ирена Стефоска, претседателот на ААМ, Мишко Ралев и претседателката на Собранието на ААМ, Искра Јанковска-Михајловска е вклучувањето на тим професионални кадри, чија специјалност е заштита на објекти од културно наследство, во  стручното тело при Министерството за поддршка на процесите на Охридскиот регион.

Меморандумот предвидува соработка меѓу Министерството и архитектите во планирање проекти и активности поврзани со архитектурата во областа на  заштитата на недвижното културно наследство, како и давање стручни мислења поврзани со архитектурата во проектите што Министерството ќе ги спроведува за заштитата на културното наследство.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе