Меѓународна научна конференција „Битола – град на албанската писменост – Конзулска Битола мост на дипломатијата на балканската општост“

од admin_kult

Министерот за култура Хусни Исмаили се обрати на отворањето на меѓународната научна конференција „Битола – град на албанската писменост – Конзулска Битола мост на дипломатијата на балканската општост“,  во организација на „Здружението за промоција на регионалната соработка 22 Нентори“ од Битола,  кое  и покрај предизвиците со кои се соочува нашата земја предизвикани од состојбата со коронавирусот, сепак одлучи овој значаен настан,  да  не се откаже и да се одржа онлајн.

Во своето обраќање , министерот  Исмаили поздравајќи ги  учесниците подвлече дека Битола отсекогаш бил европски град, кој го носел духот на гостопримството и широчината на визијата за мир, толеранција и просперитет.

-Овој космополитски град, низ вековите ги спојувал времињата, државите и народите од овие простори, град во кој традиционално изградените пријателски врски и денеска се негуваат. Културната историја на конзулска Битола пак, памети многу места и датуми кои говорат за историскиот континуитет на народите на ова тло и е градот каде албанските интелектуалци  од целиот свет водејќи се од идеалите и визионерството на претците во 1908 година во рамките на значајниот Битолскиот конгрес ги поставија темелите на албанската азбука.  Денеска  пак  кога се наоѓаме  на прагот на интеграцијата во европската заедница на слободни и демократски држави, сите заедно треба да дадеме свој придонес во афирмацијата на европските вредности,  рече министерот за култура.

Тој истакна дека мултикултурната традиција на Битола претставува една константа на градот и со тоа привлечно делува и за науката, зголемувајќи го интересот за вакви научни средби, а Министерството за култура препознавајќи го значењето на оваа конференција  ја даде својата поддршка за нејзина реализација.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе