Изработен 3Д-модел на ранохристијанската базилика кај „Свети Еразмо“ во Охрид

од admin_kult

Со примена на техники на фотограметриско снимање, изработен е тридимензионален модел од ранохристијанската базилика кај црквата „Свети Еразмо“, во близина на Охрид.

Според информациите од охридскиот Завод и музеј, моделот на базиликата го изработил д-р Христијан Талевски од Институтот за старословенска култура од Прилеп, а прецизната документација од оваа градба, пред сѐ, ќе биде искористена за изработка на проекти за конзервација на архитектурата и на мозаиците.

Ранохристијанската базилика на локалитетот кај Мауцкер беше случајно откриена во 70-тите години на минатиот век. При истражувањата спроведени подоцна е откриена и некропола што се простира над црквата „Свети Еразмо“ и околу неа. Објектот на самата базилика бил изграден во една фаза, во периодот меѓу крајот на четвртиот и почетокот на петтиот век, а подоцна е проширен со неколку странични доградби, прегради и ѕидови.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе