Во прилог е извадок од Нацрт- записникот од Петнаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија, а во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID – 19 ( коронавирус ).

Согласно наведеното потребно е до Одделението за управување со човечки ресурси да доставите список на вработени кои имаат деца со навршена возраст до 10 години и ќе отсуствуваат од работа во наредните 14 дена почнувајќи од денеска  истите потребно е да достават потврда од училиште/градинка.

По однос на хронично болните лица се очекува од Министерството за здраство и Комисијата за заразни болести да ги утврдат категориите на лица кои треба да бидат ослободени од работа, за што накнадно ќе бидете известени.

Извадок од Нацрт – записникот од Петнаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија

Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

Ослободување од работа на хронично болните лица со потврда од лекар специјалист