Во врска со потребата од преземање на дополнителни мерки за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) во прилог ви го доставуваме  Извадокот од Нацрт-записникот од Шеснаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 11 март 2020 година како и Изјава за користење платено отсуство како резулат на мерките за коронавирусот.

Воедно ве известуваме дека согласно точката 1 од доставениот Заклучок на Владата од работа треба да бидат ослободени и лицата кои од матичен лекар ке достават потврда за :  Хронични респираторни заболувања; Тешки кардиоваскуларни заболувања; Дијабет-ТИП1; Малигни заболувања; и Имуно-компромитирачки состојби.

Наведената потврда исто треба да се достави до одделението за управување со човечки ресурси на вашата установа.

Извадок од Нацрт – записникот од Шеснаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија

Изјава