Преку проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ на авторот Филип Јовановски, и кураторката Ивана Васева, Република Северна Македонија учествува на Прашкото Квадриенале за перформанс дизајн и простор. Комесар на павилјонот на Северна Македонија е Фросина Зафировска, директорка на Музеј на град Скопје, институција носител на проектот.

Павилјонот се состои од просторна инсталација со перформативен дел со актерката Кристина Леловац, која е дел од „Изложбата на земји и региони“ и се изведува секој ден од 13 часот; кратко видео насловено „Кино Култура“ кое е дел од архитектонската изложба на простори за изведувачки уметности (Performance Space Architecture Exhibition) и двојазична публикација.

Отворањето на македонската изложба се случи во петокот во индустриската палата на Прашкото Квадринале кое се одржува од 6 до 16 јуни.