Работна средба во Министерството за култура

од admin_kult

Денес во Министерството за култура, почитувајќи ги наредбите на Министерството за здравство и Владата на РСМ, се одржа средба меѓу државниот секретар во Министерството за култура, заменик-министерот и шефот на кабинетот на Министерството за култура со раководителите на сектори и одделенија во Министерството за култура.

На средбата беше изразена согласност дека Министерството за култура треба да продолжи со работа и да биде во служба на сите уметници и културни работници. Беше споделена информацијата дека Министерството за култура испратило службено барање до Комисијата за заразни болести и до Кризниот штаб да донесе протокол за да се овозможи враќање во нормалност на културните институции во земјата.

Додека нема воспоставено протокол од сите културни институции се бара да се придржуваат до препораките на Владата, а истовремено Министерството за култура во име на сите уметници и културни работници ги повикува граѓаните на РСМ да се придржуваат до советите, препораките и наредбите на Министерството за здравство за да помогнеме во заедничката борба што ја водиме со КОВИД -19.

Им посакуваме на сите вработени во културните институции и на уметниците здравје и успех во спроведувањето на проектите за 2020 година и се надеваме на што поскоро нормализирање на состојбата.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе