Министерот за култура Асаф Адеми во рамките на својата работна посета на Берлин и Берлинскиот филмски фестивал денеска оствари работна средба со Лусиа Рикалде, раководител на секторот Креативна Европа МЕДИА, Европска комисија, Генерален директорат за комуникациски мрежи, содржина и технологија, и со Харалд Е. Третенбреин, раководител на секторот Креативна Европа МЕДИА во ЕАЦЕА – Извршна агенција за образование, аудиовизуелни уметности и култура на Европската Унија.

На средбата, на која присуствуваше и директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, министерот Адеми го потенцираше значењето на програмата Креативна Европа МЕДИА за Македонија што резултираше со конкретни успешни проекти, како и големата поддршка во соработката меѓу аудиовизуелниот сектор во Европа не само на регионално туку и на европско ниво.

Истовремено беше истакнато дека е од особено значење  аудиовизуелниот сектор да излезе од националните рамки и преку размена на искуства да се придонесе за зголемување на капацитетот на продукциите.

Министерот за култура Асаф Адеми вечер во рамките на 69-тото издание на Берлинскиот филмски фестивал ќе присуствува на Македонската вечер во организација на Агенцијата за филм.