Во  Центарот за култура „Марко Цепенков”, вечерва со почеток во  19.30 часот на сцената на матичниот театар, домаќинот, ансамблот на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински” ќе ја одигра претставата „Пиреј” од Петре М. Андреевски во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Веднаш по претставата  се разговорите на тркалезна маса и ќе биде соопштена оценката што ќе ѝ ја даде публиката на претставата.