Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, информира за отворениот повик за поднесување на апликации за мрежата на УНЕСКО на креативни градови за 2019 година.

Одбележуваме дека сите заинтересирани градови се поканети да ги поднесат своите апликации, најдоцна до 30 јуни 2019 година.

Сите материјали во врска со гореспоменатиот повик можете да ги најдете на следната интернет страна: https://en.unesco.org/creative-cities/content/call-applications

Молиме, за евентуалното аплицирање во мрежата на креативни градови, да ја известите Националната комисија за УНЕСКО.