Ве известуваме дека Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија го објави Повикот за аплицирање за проекти за категоријата „Литературни преводи“ во рамките на програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура“.

Краен рок за доставување на е-апликации до Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура (EACEA) е 4 јуни 2019 година (12 часот).

Информациите за повикот и комплетната документација се достапни на следнава веб-страница:

https://eacea.ec.europa.eu/creative-europe/news/call-for-proposals-support-literary-translation-projects-eacea-072019_en

Контакт:

Одделение за Креативна Европа – потпрограма Култура

Електронски адреси: biljana.prentoska@ced.mk; dejan.koteski@ced.mk

Телефон: 02 3 240 446/443/433