Уметниците на Националната опера и балет на Република Северна Македонија на 30.11.2019 г. во салата „Мирза Делибашиќ“ на Скендерија во Сараево, ја изведоа сценската кантата „Кармина бурана“ од Карл Орф.

Историскиот рекорд во поглед на фасцинантната посетеност на театарски настан од музичко-сценски карактер досега припаѓал на Кинескиот државен балет со претставата „Црвениот женски одред“ која е изведена три пати во 1971 година. На 30.11.2019 тој рекорд го презема настапот на Националната опера и балет од Република Севрна Македонија со изведбата на музичко-сценското дело „Кармина бурана“.

Со повеќе од 200 уметници на сцената, пред полната Скендерија и воодушевените 6000 посетители меѓу кои и целиот дипломатски кор акредитиран во Сараево, настапот од домаќините  најавуван како  „МЕГА СПЕКТАКЛ“ навистина се случи .

Настапот започна со увертира од операта „Кармен“ во изведба на  оркестарот  со енергична музика на Жорж Бизе и  даде особен импулс на сите останата уметници. Следуваше „Кармина бурана“ во која учествува огромен број изведувачки ансамбл: Оперски солисти, балетски солисти, оркестар, хор и балетски ансамбл.

Под   диригентската палка на домашниот диригент, Емир Нухановиќ ,покрај оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл, настапија оперските солисти Наде Талевска, Дејан Стоев и Андреа Ѕаупа од Италија, како и балетските солисти, Марија Кичевска-Шокаровска, Саша Евтимова, Ивана Коцевска, Игор Веланоски и Мирослав Митрашиновиќ.