Вчера во Скопје беше отворена на изложбата насловена „Борба и страдање – полските граѓани за време на Втората светска војна“ организирана од Амбасадата на Република Полска во Скопје.

Изложбата е подготвена од Министерство за надворешни работи на Полска и Музејот на Втората светска војна од Гдањск. Со неа се одбележуваат 80 години од избувнувањето на војната која почнала на 1 септември 1939 година со нападот на нацистичка Германија врз Полска.