Он-лајн достапна и монографијата „Манаки“на Игор Старделов

од admin_kult

Кинотеката на својата веб-страница продолжи да прикачува дел од своите изданија со што тие се достапни за пошироката јавност, кинотечната публика и сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за домашната и странската кинематографија.

По сите досегашни броеви на „Кинопис“, списанието за теорија и историја на филм, од денеска достапна за читателите е и монографијата „Манаки“ од авторот Игор Старделов, издание на Кинотека од 2003 година.

Монографијата е еден заокружен научен труд за дејноста, значењето и активноста на првите сниматели на Балканот – браќата Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки – и донесува нови сознанија за нивната фотографска, филмска и киноприкажувачка дејност.

Во 2014 година, монографијата „Манаки“ беше преведена и на турски јазик за заедничкото издание на Кинотеката  и ESR Film Yapim од Истанбул.

Кинотеката  филмовите на браќата Манаки, реставрирани и дигитализирани, ги издаде на ДВД во 2014 година.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе