Заменик – министерот за култура, Владимир Лазовски, синоќа во салата на НУ Македонската опера и балет го проследи јубилејниот концерт на ансамбл Студио фолклор – Скопје, Македонија.

Заменик-министерот, честитајќи ја 5-годишнината од формирањето на ансамблот, го изрази своето задоволство од квалитетот на концертот и од досегашната работа на ансамблот.
Тој изјави дека е горд што Министерството за култура го препозна квалитетот на ансамбл Студио фолклор – Скопје и веќе втора година финансиски го поддржува со проекти од национален интерес во културата. Лазовски особено им посака уште поголеми успеси на младите девојки и момци во зачувување и афирмација на македонскиот фолклор, како во земјата така и надвор од неа.