Во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп на 20 ноември од 12.00 часот ќе биде отворена изложбата „Од меморијата“ од уметникот Беди Ибрахим.

Со овој интердисциплинарен скулпторско-сликарски концепт  Беди Ибрахим, реферира за неговото длабоко разбирање и почитување на законите на редот кои владеат со космичкиот принцип, со принципот на нераскинливата врска на времето минато со времето  сегашно.

Беди Ибрахим роден е во Скопје каде во 1985 г. дипломирал на ФЛУ на одделот за скулптура, а во 1999 завршил постдипломски студии на истиот Факултет. Освен со скулптура се занимава и со сликарство и сценографија. Досега има реализиран над 20  самостојни изложби во земјата и во странство и бројни групни учества на локалната и меѓународната сцена. Добитник е на три национални и меѓународни награди.