Европската Комисија го објави повикот за аплицирање за акцијата „Поддршка на проекти за соработка“ ( „Проекти за соработка од мал обем (Категорија 1)“ и „Проекти за соработка од голем обем (Категорија 2)“ ) во рамки на програмата „Креативна Европа – Култура (2014-2020)“ за 2020 година.

Крајниот рок за доставување на електронските апликации до Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност при Европската комисија е 27 ноември 2019 година (17:00 часот).

Информации за повикот можете да најдете на веб-страната:  https://eacea.ec.europa.eu/creative-europe/funding/support-european-cooperation-projects-2020_en

Дополнителни информации за повикот, постапката за аплицирање и подготовката на вашите проекти може да добиете во: Сектор за европски интеграции  , Одделение за Креативна Европа на ЕУ – Култура.