Ново издание на „Браќа Манаки“ во Битола – градот од каде што почнува балканската филмска историја

од admin_kult

Со официјална церемонија во присуство на многубројни гости, меѓу кои и министерката за култура Ирена Стефоска, и со проекција на филмот „Сестри“, режисерското деби на младата режисерка Дина Дума и кинематограферот Наум Доксевски, вчера на отворено, во дворот на Заводот и музеј – Битола, започна 42. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

„Четириесет и второто издание на „Браќа Манаки“ покажува дека Фестивалот е жив, витален и опстојува покрај сè, како што мора и во секој друг сегмент од животот да продолжиме и понатаму со оптимизам и надеж, покрај сите тешкотии и проблеми“, рече претседателот Стево Пендаровски, кој, како покровител, го прогласи Фестивалот за отворен.

Директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Дамевски, на отворањето на Фестивалот истакна дека славејќи ги филмот и неговите творци, испраќаме  порака до публиката, до филмаџиите и уметниците насекаде во светот, дека овој фестивал ќе продолжи да ја слави уметноста на светот без разлика на сите проблеми и предизвици.

– Фестивалот „Браќа Манаки“ ја слави филмската магија која преку визуелната магија за нас ја создаваат генијалците. Досега на сцената на Фестивалот застанале најголемите волшебници на таа филмска магија, а синоќа во Битола беше 42-от гениј, преку чие чудесно око до нас допира светот на соништата – велат од фестивалската управа.

На Кристијан Бергер, австрискиот волшебник зад камерата, му беше доделена наградата „Златна камера 300“ за животен опус. Добитници на „Специјалната камера 300“ за особен придонес во филмската уметност се Андреј Кончаловски, руски волшебник на филмската магија, и Џослин Пук, една од најпознатите британски композиторки на филмска, театарска, телевизиска и концертна музика.

Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмски професионалци (ДФРМ), пак, му беше врачена на актерот Северџан Бајрам.

Новото издание на ИФФК „Браќа Манаки“, чија програма годинава содржи 10 долгометражни и 10 кратки филмови, почна со музичкиот настап на Каролина Гочева, која, придружувана од Никола Мицевски на пијано, изведе неколку нумери од филмови.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе