Научен собир „Филолошки читања: јазикот и стилот на Блаже Конески“

од admin_kult

Во рамките на прославувањето на јубилејот „100 години од раѓањето на Блаже Конески“, кој се наоѓа во Календарот на важни меѓународни јубилеи поддржани од страна на УНЕСКО, денеска (7 април) во 10 часот на интернет-платформата „Зум“ ќе се одржи научниот собир „Филолошки читања: јазикот и стилот на Блаже Конески“.

Настанот е во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Катедра за македонски јазик и јужнословенски јазици.

Поздравен говор на настанот ќе има проф. д-р Димитар Пандев, кој ќе се осврне на филолошките читања на Блаже Конески, а ќе се обратат и проф. д-р Анета Дучевска, декан на Филолошкиот факултет, и проф. д-р Искра Пановска-Димкова, раководител на Катедрата за македонски јазик.

Првиот циклус „Филолошки читања: јазикот и стилот на Блаже Конески“ ќе го отвори Елена Владимировна Верижникова, доцент на Филолошкиот факултет при Московскиот државен универзитет, почесен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која во моментов е најголемиот специјалист по македонски јазик во Русија. На собирот, Верижникова ќе настапи со својот реферат „Нараторот во ‘Пречек’“.  Ќе бидат презентирани 17 реферати кои пренесуваат различни филолошки читања на творештвото на великанот на македонската култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе