Создадена е нова мобилна апликација „Стоби еду“, преку која децата ќе можат да го разгледаат културното наследство на археолошкиот локалитет Стоби.

‒Апликацијата,која наскоро ќе биде достапна за преземање,ќе овозможи преку користење на мобилните телефони да се искуси посета на римскиот театар во Стоби и да се доживее минатото на еден сосема нов начин. Достапноста на новите технологии дава можност апликацијата „Стоби еду“ да се користи и во рамките на образовниот процес.

Апликацијата може да ја збогати наставната содржина во повеќе предмети во основното и во средното образование преку интерактивно визуелно доживување на културното наследство‒велат од Центарот за социјални иновации Блинк 42-21.

„Стоби еду“ е резултат на соработката меѓу Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 и Националниот институт Стоби, а проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

‒Апликацијата претставува продолжување на заложбите да се внесат иновативни дигитални алатки кои ќе овозможат интерактивни и визуелни раскажувања на приказните од минатото. Користењето на новите технологии, како виртуелната реалност, овозможува со сема нов, уникатен начин за доживување на културно – историското наследство ‒ велат од Центарот за социјални иновации Блинк.