НУ Национален конзерваторски центар – Скопје, со свеченост денеска ја одбелеќа 70 годишнината од формирањето.

Министерот за култура Хусни Исмаили на свеченоста потенцираше дека Министерството за култура постојано ја следи и поддржува работата на Националниот конзерваторски центар, како најстара организација од областа на заштитата на културното наследство во нашата земја.

Тој посочи дека оваа установа има фундаментално значење и за образовната и научната сфера од оваа област и додаде:„Свесни сме за значењето на културното наследтсво кое е во приоритетите на Стратегијата за култура на оваа Влада, но исто така сме свесни и за предизвиците и тешкотиите со кои се соочуваме во спроведување на зацртаните цели.

Тие приротети се високо позционирани во европските вредности кои стремиме да ги достигнеме, па затоа не се откажуваме. Уверен сум дека заеднички со фелата имаме капацитети да ги надмениме пропустите во оваа сфера што се однесуваат на статусот на кадарот, како и на недостатокот од кадар, на дел во нормативните решенија, на што сведоци сме засилено се работи во неколку групи во Министерството за култура“.