Националната комисија  за УНЕСКО  на Република Северна Македонија информира за објавениот повик од страна на УНЕСКО до државитечленки за поднесување на предлог – проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2020-2021 година.

Секоја  држава-членка, преку својата Национална комисија за УНЕСКО,  може да поднесе до УНЕСКО најмногу до 7 проекти од 5те главни програмски области и 1  регионален  проект најдоцна до 31 мај 2020 година.

Услови за аплицирање:

  • Носител на проектот: Правни лица кои можат да обезбедат квалитетна имплементација на проектот
  • Рамка и цели на проектот: Проектот треба да биде во согласност со усвоените приоритети на УНЕСКО за 5те главни програмски области за периодот од 2020 до 2021 година содржани во документот 40 С/5 Буџет и програма 2020-2021

( https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000367155)

  • Ниво на проекти и буџет: Национални проекти со финансиска поддршка до 26.000 американски долари, субрегионални и интеррегионални проекти  со финансиска поддршка до 28.000 американски долари и  регионални проекти со финансиска поддршка до 38.000 американски долари.
  • Рок на за реализација на одобрените проекти:12.2021 година.

Напоменуваме дека за регионалните, субрегионалните и интеррегионалните проекти со посредство на Националната комисија за УНЕСКО потребно е да се обезбедат од 2 до 3 писма за поддршка од другите држави. Со цел Националната комисија за УНЕСКО да ги достави предлог проектите согласно предвидениот краен рок, потребно е правните лица да ги достават пополнетите формулари на англиски или француски јазик, како и на македонски јазик до Националната комисија за УНЕСКО најдоцна до 5 мај 2020 година.  Освен во хартиена форма , предлог проектите треба да се достават и во електронска форма, со цел истите од страна на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија да бидат поднесени преку он лајн платформата на УНЕСКО.

Напоменуваме дека нема да бидат разгледувани предлог проектите доставени по истекот на рокот 5 мај 2020 година, како и оние кои нема да бидат целосно пополнети.

Подетални информации зa Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2020 – 2021 година и постапката за поднесување на предлог проектите заедно со формуларите можат да се добијат и да се превземат од следниот линк:

http://www.unesco.org/new/en/member-states/single-view/news/circular_letter_on_the_participation_programme_for_2020_2021

Адреса за доставување на предлог проектите по пошта и електронски пат:

Министерство за култура на Република Северна Македонија

Ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61

1000 Скопје

Електронски адреси:

biljana.prentoska@kultura.gov.mk; t.kraljevska@kultura.gov.mk;  ljupco.smilev@kultura.gov.mk

Телефони: 02/3240 517/3240 591/3 240 549