Промашениот живот, неверството и грижата на совест се трите главни теми кои ги обработува најновата претстава „Мојот маж“, во режија на Нела Витошевиќ, работена според расказите на Румена Бужаровска,  која премиерно ќе биде прикажана  на 15 февруари (20 часот) во Драмскиот театар во Скопје.

Драмската структура на претставата е изградена од два меѓусебно испреплетени материјали, и тоа драматизацијата на шесте раскази (‘Супа’, ‘Празно гнездо’ , ‘Прељубник’ , ‘Осми март’ , ‘Гени’ и ‘Лиле’) и документарниот материјал произлезен од авторските монолози.

Костимите се на Роза Трајчевска-Ристоска, сценографијата на Константин Трпеноски, а изборот на музика на Витошевиќ. Репризата е на 20 февруари.