На малата сцена на Македонскиот народен театар утре, со почеток во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Мој термин“, работена по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, во режија на Синиша Евтимов.

Во претставата настапуваат актерите: Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска и Александар Михајловски. Преводот е на Благоја Бошковски, извршен продуцент Виктор Рубен, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимите на Александар Ношпал, а дизајнер на маските е Горан Игњатовски.

Претставата е дел од Програмата за 2019 година поддржана од Министерството за култура. Следните изведби се на 17-ти, 27-ми и 29-ти мај