„Мистична деветка“ е насловен концертот кој оркестарот на Филхармонија ќе го одржи в четврток, на 5 декември. На програмата се дела од двајца руски гиганти – Сергеј Прокофјев и Дмитри Шостакович.

Публиката ќе има можност да ја чуе македонската виолинистика Фросина Богданоска во изведба на Концертот за виолина и оркестар бр.1 од Сергеј Прокофјев. На програмата е и Деветтата симфонија од Дмитри Шостакович.

Концертот „Мистична деветка“ ќе го води харизматичниот холандски диргент Конрад ван Алфен. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигна нивото на овој оркестар и тој стана интернационално признат и беше домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам.

Во моментов е уметнички директор на „Московското филхармониско здружение“ во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“. Исто така, тој е гостин-диригент и со оркестрите на добро познатите културни центри во Новосибирск и Санкт Петербург.