Министерот за култура Хусни Исмаили денеска во Клубот на пратениците присуствуваше на промоцијата на делото „Граматика на современиот ромски јазик“, настан кој се одржа во организација на министерот задолжен за имплементација на Стратегија за Роми, Музафер Бајрам.

На свеченоста свое обраќање имаше и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, а за изданието свое излагање имаше професор Љатиф Демир, кој е воедно и автор на новата граматика на ромскиот јазик.