Министерот за култура Хусни Исмаили се обрати на отворањето на регионалната конференција за аутизам

од admin_kult

Министерот за култура Хусни Исмаили се обрати на отворањето на регионалната конференција за аутизам, која се одржа во организација на Центарот за аутизам „Летај за живот“ кој работи во рамките на здружението „Пурпура“ – Тетово.

Министерот Исмаили истакна дека организирањето на ваквиот вид на активности е од огромна важност, бидејќи се прават напори за подигнување на јавната свест за аутизмот, едукација на родителите и на професионалците од оваа област.

„Исто така, се отвора и прашањето на она што треба институциите и другите чинители, да го преземат за поцелосно вкучување на овие лица во општеството“, нагласи Исмаили и додаде дека со поддршка на Министерството за култура изминатите години се реализирани бројни проекти на индивидуалци и невладини организации кои се грижат за унапредување на правата на лицата со аутизам и отворање на можности тие да се изразуваат и на полето на културата.

„Министерството за култура и во иднина ќе продолжи да дава поддршка и да придонесува во рамките на своите ингеренции, да поддржува активности кои ќе овозможат активно интегрирање на лицата со посебни потреби во нашето културно и општествено живеење“, рече министерот за култура Исмаили.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе