Министерот за култура Хусни Исмаили го отвори меѓународниот поетски фестивал „Огниште на сеќавањето“ кој се одржа онлајн

од admin_kult

Министерот за култура Хусни Исмаили се обрати на отворањето на третото издание на меѓународниот поетски фестивал „Огниште на сеќавањето“ кој, заради околностите предизвикани од светската пандемија од коронавирусот, се одржа виртуелно.

Во своето обраќање, министерот за култура Хусни Исмаили им честита на организаторите на оваа поетска манифестација, Здружението за култура и наука „Арс албаника“ од Тетово, кои и покрај големите предизвици кои што се пред нас поради кризата со коронавирусот, сепак решија да не ја откажуваат оваа поетска вечер и да ја организираат виртуелно.

„Во таа смисла, сакам да упатам срдечен поздрав и до сите поети од повеќе земји од светот кои вечерва се учесници на овој поетски фестивал. Сите учесници се угледни творци, реномирани поетски пера кои ќе ни презентираат делови од своето поетско творештво и уште еднаш ќе потврдат дека тие се најсилниот и најмоќниот глас на сопствената земја секаде во светот“, истакна министерот Исмаили.

На меѓународниот поетски фестивал, кој беше во организација на Здружението за култура и наука „Арс албаника“ од Тетово, учествуваа 30-тина поети од САД, Франција, Албанија, Косово, Црна Гора, Велика Британија, Австралија, Италија, како и домашни автори од нашата земја. На настанот кој беше поддржан од Министерството за култура, се доделија и три плакети за најдобро поетско творештво.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе