Односите на Република Северна Македонија со оние на Индонезија се карактеризираат со висок степен на пријателство и меѓусебно разбирање Република Северна Македонија, дипломатски, ја покрива Република Индонезија преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Република Индија.

Министерот Исмаили и амбасадорот Сри Астари Рашид разговараа за можноста за интеркултурна соработка меѓу двете земји, како и за поголема посветеност на двете страни за постигнување на целите.

Во меѓувреме, во 2013 година на концертите во Индонезија присуствуваше Национална опера и балет во најпрестижните концертни сали во Џaкарта, каде што настапуваа и светските познати солисти.

Овој настан се одржа како дел од одбележувањето на 20-годишнината од основањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Индонезија.

Иако земјите во последно време немаа некоја значајна активност, со ангажирање на двете страни ќе се прошири и интензивира интеркултурната соработка со Индонезија, задача што ќе се постигне со потпишување на меѓудржавните документи.