Министерот за култура Асаф Адеми денеска оствари работна средба со амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја, Сергеј Баздникин.

На средбата соговорниците се согласија дека Република Северна Македонија и Руската Федерација имаат одлични културни врски, кои се одликуваат со реализација на голем број проекти од сите дејности на културата. Министерот Адеми се заблагодари за поддршката за културата што ја дава Амбасадата на Руската Федерација и изрази уверување дека македонско-руското партнерство и понатаму ќе продолжи да се развива и да се унапредува. Досегашната соработка со Руската Федерација е на одлично ниво со континуирано претставување на македонските културни вредности во оваа земја, но значаен е и бројот на содржините со кои руската култура се претставува пред македонската публика.

Освен на билатерален план, постои одлична соработка и на мултилатерален план, во рамките на УНЕСКО, како и во рамките на Меѓународната фондација „Форум на словенски култури“, каде се реализираат многу заеднички проекти и активности со кои се зачувуваат културните традиции на словенските народи и нивното промовирање како трајни и универзални вредности во глобални рамки.