Министерот за култура, Хусни Исмаили, оствари работна средба со Артур ле Гал, директор на „KEA European Affairs“ – интернационален политички истражувачки центар специјализиран за култура и креативни индустрии и за спорт.
Министерот за култура Исмаили ги потенцираше огромните напори што ги прави земјава во областа на креативните индустрии и го сподели значењето што го имаат овие индустрии за поширокото општество и за економијата.
Целта на средбата беше да се потенцира мултидисциплинарниот карактер на креативните индустрии, да се споделат искуствата од сработеното во различните области на културното и креативно дејствување во регионот и да се продлабочи соработката.

„KEA European Affairs“, со седиште во Брисел, ги развива европските политики во културата и соработката со овој центар ќе биде во насока на промоција на автентичноста, оригиналноста и различноста. Идната соработка на ова поле за Северна Македонија ќе значи развивање на креативноста базирана на културата и вклучување на културните прашања во другите политички области.