Министерот за култура Хусни Исмаили се сретна со амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Сибил Зутер Техада.

На средбата, министерот Исмаили изрази задоволство од досегашната соработка и поддршката што Швајцарија ја негува кон културата, институциите и кон уметниците во Северна Македонија.

Соработката во културата помеѓу двете земји се одвива без официјални документи, па на средбата стана збор и за интересот на Министерството за култура за интензивирање на конкретни соработки и развивање на заеднички проекти кои би се реализирале помеѓу институционалниот и граѓанскиот сектор од повеќе областа на културата.