Министерот за култура Хусни Исмаили присуствуваше на отпочнувањето на изградбата на дом на култура во Општина Боговиње, инвестиција која е поддржана од Министерството за култура со 25.000.000,00 денари.

Објектот е поддржан со Програмата на Владата на Република Северна Македонија за користење на средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2019 година.

Финансиските средства  се наменети за реализација на инвестиционен проект за изградба на дом на култура во општина Боговиње за земјени работи, бетонски армирачки работи и изолациони работи, а согласно Основен проект изработен од Идеа Груп од Тетово.

„Овој дом на културата што денес почнуваме да го градиме, убеден сум дека ќе стане централно место во Боговиње каде што сите креативни луѓе од регионот ќе имаат можност да ги реализираат своите потенцијали и на тој начин да придонесат кон намалување на разликите помеѓу градот и локалната самоуправа“, истакна министерот Исмаили.