Денеска, министерот за култура Хусни Исмаили беше во работна посета на Музејот на Северна Македонија.
 
На средбата со директорот на Музејот, Гордан Николов, министерот Исмаили беше запознаен со актуелните активности на оваа национална установа, како и со проектите на кои се работи и кои ќе следат во блиска иднина.
Директорот Николов го информираше министерот за состојбата на објектот на НУ-Музеј на Република Северна Македонија, како и тоа како течат подготовките за поголемите настани кои следат како што се: Европските денови на културното наследство,  изложбата за 75 години АСНОМ, изложбата „Африка во Македонија“.
Министерот Исмаили се запозна и со останатите конзерваторски, научно-истражувачки активности кои се однесуваат на заштитата на културното наследство во  етнологијата и во историјата на Република Северна Македонија на кои експертите од Музејот работат долгорочно и во повеќе фази.