Министерката за култура Ирена Стефоска, вчера го посети меморијалниот комплекс- Могила на непобедените во Прилеп. Ова е прва нејзина, од веќе најавените посети на терен, на спомениците од НОБ , низ целата држава,.  Планирано е тие да се обноват, по долгогодишната запуштеност и девастација. За таа цел, ќе биде изготвена и посебна листа на загрозени културни добра кои сведочат и го прикажуваат антифашистичкиот период во Република Северна Македонија, потенцира министерката Стефоска.

Посететата на Могилата на непобедените во Прилеп на министерката , доаѓа во пресрет на 11 Октомври, кога се слави денот на македонското востание против фашистичкиот окупатор , во 1941 година

Меморијалниот комплекс во Прилеп од 1961 година, е авторство на истакнатиот југословенски архитект, Богдан Богдановиќ.