Меѓународен ден на музеите – 18 мај

од admin_kult

Повеќе од педесет години, музеите низ целиот свет го одбележуваат 18 мај како Меѓународен ден на музеите.

Годинава поради новонастаната ситуација предизвикана од коронавирусот, физичкиот пристап до постојаните поставки, тематските изложби и другите музејски содржини е оневозможен, а за  првпат на неодредено време одложени се  и традиционалните средби, промоции, советувања како и наградите за музејските работници.

Сепак, и во овие кризни времиња музеите  наоѓаат начин да презентираат дел од културното наследство за кое се грижат. За таа цел по електронски пат  на своите профили, преку виртуелни прошетки и   документарни филмови,  музеите 18 мај ќе го  одбележат во согласност со темата на годинашното одбележување „Музеите за еднаквоста: различност и инклузија.

Меѓународниот ден на музеите  е востановен на Генералното собрание на Меѓународниот совет на музеите (ИКОМ), одржано во Москва во 1977 година, се со цел да се насочи вниманието на јавноста во целиот свет на нивната дејност.

Оттогаш  музејските институции традиционално ги отвораат своите врати и овозможуваат бесплатен влез за посетителите, поставуваат изложби, организираат промоции или други настани, се со цел да го доближат движното културно наследство до што поголем дел од пошироката публика.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе