Уметничкиот проект „Оваа зграда зборува (на)вистина“ е добитник на наградата Златна Трига на овогодинешното Прашко квадриенале. Проектот на авторот Филип Јовановски  кураторката Ивана Васева, а комесар е Фросина Зафировска, директорка на Музеј на град Скопје.

Проектот во кој е вклучен перформативен дел на актерката Кристина Леловац зборува за Железничката зграда во Скопје и идејата зад заедничкото, солидарно живеење презентирано во станбениот блок.

Наградата Златна Трига им беше доделена на тимот од Република Северна Македонија за најдобра егзибиција и сценографија на овогодинешното квадриенале од повеќечленото жири составено од уметници од целиот свет. Наградата е добиена во конкуренција со 79 земји од светот.