„Ангелите и градот“ е насловот на симфонискиот концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи вечер (7 февруари) во 20 часот. За првпат на македонската музичка сцена, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја изведе раскошната Симфонија бр. 4 „Лос Анџелес“ од современиот композитор Арво Перт.

Диригент на концертот е етаблираниот холандски диригент Конрад ван Алфен. Покрај делото на Перт, на концертот ќе бидат изведени и Полка од балетот „Златна доба“ од Дмитриј Шостакович, Концерт за мала флејта во C-dur од Антонио Вивалди и Концерт за обоа и оркестар во g-moll од Јохан Себастијан Бах, при што како солист ќе се претстави извонредната уметница на барокна флејта, Луси Хорш од Холандија.