Македонска музика издадена од престижниот „Хофмајстер“ (Hofmeister)

од admin_kult

Реномираниот музички издавач „Хофмајстер“ (Hofmeister) ја објави едицијата „Три македонски пиеси за соло контрабас“. Нотната едиција вклучува три авторски дела/транскрипции за контрабас: Тешкото за контрабас од македонскиот композитор Дамјан Темков, Евгенија (Варијации на македонската фолк-тема Бор садила мома Евгенија) од Ѓорѓи Цинциевски и Касапско оро во транскрипција на Цинциевски. Ова е првпат во македонската музичка историја македонски дела за соло контрабас да бидат издадени од страна на една од најпрестижните светски издавачки куќи.

Уметничката соработка меѓу Цинциевски и Темков трае долги години, при што повеќе дела на Темков, како: „Охридска пастрмка“, „Introduction and the Tins Dance” и „Соната за контрабас и пијано“, Цинциевски ги има изведено на многубројни меѓународни концерти и фестивали во Кина, Полска, Малта, Италија, Германија и во други земји.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе