ДРЖАВНА НАГРАДА „МАЈКА ТЕРЕЗА“ – ЗА ПРВ ПАТ Е ВОВЕДЕНА ВО 2006 ГОДИНА
Согласно со член 8 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07), со наградата „Мајка Тереза“ се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката меѓу народите и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Во една година можат да се доделат најмногу две награди. Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Конкурс за доделување на државната награда „Мајка Тереза” во 2019 година
Конкурс за доделување на државната награда „Мајка Тереза” во 2019 година...
Одлука за доделување на државната награда „Мајка Тереза” во 2018 година
Врз основа на членовите 8,9,11,12,13, 17,18 и 19 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на Р.М.” бр.52/06, бр.54/07 и 74/12 ) и членовите 1,4,6,8 и 22 од Правилникот за работа на Одборот...