Денеска во Крушево ќе започнат активностите по
повод манифестацијата „Крушево
Етно-град“, проект кој претставува историски времеплов за градот.
Неговите
основни цели се
промоција на градот со сите негови историско-културни белези, мотивирање на локалното население и бизнис
заедницата за заживување на угостителството, подобрување на туристичките
капацитети и разубавување на улиците и фасадите низ Крушево.
Богатата културна програма започнува на 17 јули со општонародна веселба пред
споменикот Илинден на Гумења а завршува на 10 август.
По
улиците на Крушево локалното население ќе
дефилира преправено во комити-востаници и турски војници, а
туристите од земјата и од странство ќе
имаат можност да се гостат и да се забавуваат во
крушевските меани и кафулиња. Проектот е замислен
како големо сценско случување, кој со помош на 400 регрутирани учесници ќе ја
оживеат историската атмосфера од 1903 година. Во иницијативниот
одбор за проектот учество земаат маестро Борис
Трајанов виртуозот на виолина Зоран
Џорлев, Александар Митевски, Сашо Коцев, Бубо Каров и други личности од
македонскиот јавен живот.
програма
|